Основачот на Телеграм, Павел Дуров, според информациите од париското јавно обвинителство, меѓу другото е осомничен за недоволна соработка со властите во истраги за криминал и помош при кривични дела.
По неговото изненадувачко апсење во саботата (24.08) и испрашувањето кај истражен судија, Дуров вчеравечер (28.08) беше пуштен на слобода, но под строги услови. Основачот на Телеграм мора да плати кауција од пет милиони евра, двапати неделно да се јавува во полиција и не смее да ја напушти Франција, соопштија од јавното обвинителство. Притоа не е соопштено колку долго би можела да трае истрагата.
Основачот на Телеграм е обвинет за недоволна соработка во истрагите
Во Франција постои сомнеж дека поради тоа што не презел соодветни мерки во Телеграм и недоволно соработувал со властите, Дуров е ковиновен за дела како трговија со дрога, перење пари, измама и повеќе кривични дела за злоставување деца. Тој е обвинет и за недоволна соработка со властите кога станува збор за законски дозволените мерки за прислушување.
Дуров беше уапсен на аеродром во близина на Париз во саботата навечер. Според јавното обвинителство, прелиминарни истраги против Дуров се водат уште од февруари.
ДЕМОКРАТИ: Целосна поддршка за денешниот протестот што го организираат Филхармоничарите пред Владата во 14 часот. Протестираат против одлуката за просторно…
Цените растат, животниот стандард паѓа, граѓаните загрижени, Владата смирува, опозицијата обвинува. Тие велат дека мерките од Владата не покажале резултати…