Шест повредени, тројца уапсени во сообраќајка на А20 во Холандија

 

Шест лица се повредени синоќа во сообраќајна несреќа на А20 кај Ниуверкерк аан ден Ијсел, од кои едно потешко.

По несреќата полицијата уапсила тројца од повредените поради опасно возење, јавува Омроеп Вест.

Несреќата на потегот на автопатот меѓу Ротердам и Гауда се случила околу 20 часот и 10 минути. Покрај два патнички автомобили, учествувал и камион. Но, што точно се случило се уште истражува полицијата.

Веднаш по несреќата, А20 во близина на Ниверкерк беше затворен во двете насоки некое време за да им се овозможи на службите за итни случаи да ја завршат својата работа. На автопатот слета и хеликоптер за траума со медицинска екипа.

Подоцна синоќа полицијата соопшти дека тројцата се приведени.

 

извор:НОС Холандија