Првото вапцано јајце пред изгрејсонце на Велики четврток во домаќинството се нарекува чуваркуќа, бидејќи како што самото име говори, ја чува куќата и домашните од болести и секакво зло.
Ова јајце се чува до икона, до следниот Велигден. Но, кога ќе бојадисаме ново, старото според едни обичаи се пушта низ река, за водата да го однесе злото, болестите, целата несреќа кое првото јајце цела година ги собирало наместо домашните. Други обичаи пак кажуваат дека минатогодишното прво велигденско јајце треба да го закопате во земја, за да биде плодна.
Она што не треба да го направите е старото црвено јајце полно со негативна енергија да го чувате и понатаму во домот.