Во текот на месец септември Битолската шумска полиција согласно контролно-патролното чување на шумите, согласно Законот за шуми, со полни раце работа.
Спроведени се неколку одделни акции против дрвокрадците при што се одземени три шпедитери, поголема количина на бесправно посечени огревни дрва, при тоа биле поднесени над 15 пријави против сторителите.
Како резултат на светската економска криза со енергенсите, последиците од состојбата со коронавирусот во земјава и пошироко на глобално ниво отежната е состојбата на пазарот со дрво. Потоа, зголемената цена на огревното дрво, пред се кај приватните складови кои вршат промет на дрво и дрвни сортименти како правно лице кое е регистрирано согласно одредбите од Законот за трговски друштва, кои не подлежат на регулаторна комисија и сами ги формираат цените на огревното дрво, се предизвика пореметување и дисбаланс меѓу производството, пласманот и продажбата на дрвни сортименти. Како резултат на сите овие причини, последниов период, дрвокрадството зема се поголем замав.
Најавени се заеднички засилени контроли против дрвокрадците на целата територија на државата, од страна на реонските шумочувари од Национални шуми, шумската полиција и МВР.
Заштитата на шумите од шумски штети претставува сериозен фактор во зачувувањето на шумскиот фонд. Бројот на прекршителите, односно сторителите на шумски штети и кражби на дрво во последните години се зголемува, а со тоа на шумскиот фонд му се нанесуваат значителни штети.
ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ ПОСТОЈНИТЕ ШУМИ И ДА ГИ СОЧУВАМЕ ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ