Осумнаесетгодишник загина, а тешко повредена е 17-годишна сопатничка во тешката сообраќајна несреќа која се случи денескана магистралниот пат Чачак – Пожега во Србија
Несреќата се случила кога возач на патнички автомобил прво удрил во дива свиња, а потоа во автобус кој доаѓал од спротивната насока.
„Реното“ што учествуваше во несреќата е целосно здробено. Од болницата во Чачак, потврдија дека е примена девојката, на која состојбата ѝ е стабилна.