(ВИДЕО) Корејски авион ја промаши пистата на Филипините

Авион на „Корејски ер“ ја промаши пистата при слетување на лоши временски услови во централниот дел на Филипините, но меѓу 173-те патници никој не е повреден, соопштија властите.

 

Инцидентот се случил на островот Мактан во централната провинција Себу доцна во неделата.

 

Единаесетте членови на екипажот и 162 патници на летот KE631 на Korean Air користеа итни лизгалки за да избегаат од оштетениот авион, соопштија официјални лица и авиокомпанијата.

 

„Сите патници се безбедни и под надзор на персоналот“, соопшти филипинската управа за цивилно воздухопловство.

 

Авионот се заглавил во тревата на крајот од пистата на меѓународниот аеродром Мактан Себу, поради што аеродромот морал да се затвори.

https://www.youtube.com/watch?v=K72prZVjyYo&feature=emb_imp_woyt

 

index.hr