20-годишно момче пронајдено мртво на паркинг во Тетово

Вчера во 17 часот во СВР Тетово пријавено е дека во тетовската Клиничка болница во бил донесен починат 20-годишниот А.А. од тетовско Теарце.

На паркинг пред станбена зграда на улица „Илинденска“ во Тетово, каде според пријавеното бил пронајден починат А.А., увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

По наредба на Јавен обвинител била извршена обдукција.

Поврзано со овој случај, во 18 часот и 10 минути на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.Д.(23), Ј.С.(24), А.О.(25), А.О.(35) и П.A.(71), сите од Тетово, поради сомнение за нивна инволвираност во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување употреба наркотични дроги“.

Ноќеска (2 март) во 1 часот и 10 минути на улица „113“, исто така, поврзано со случајот, од слобода бил лишен и Б.Х.(19) од Тетово.

Сите лишени лица се задржани во Полициската станица Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

фото: Архива