(ВИДЕО) Силно невреме во Далмација. Патишта под вода, авион не можел да слета во Сплит

Невремето со грмотевици  околу 16 часот го погоди поширокото подрачје на Сплит, јавуваат локалните медиуми. Имаше сериозни проблеми во сообраќајот – патиштата беа под вода, а авионот на Кроација ерлајнс кој летал од Минхен за Сплит не можел да слета поради невремето.

Далмација денеска пишува дека многу дожд наврнал во областа Трогир, на Чиово и Шолта. Таму за помалку од еден час наврнаа 20 и повеќе литри дожд на метар квадратен, а на места имаше и порои. Невремето им предизвика проблеми на патниците од авионот на Кроација ерлајнс кој полета од Минхен во 14:25 часот.

index.hr