Стоилковски: Ниту багер, ниту работник за Коридор 8, уште една празна нива по скапа церемонија

Токму на ова место пред два дена се одржа скапа церемонија за почеток на градбата на Коридор 8. И по два дена нема ништо од работа, нема механизација, нема работници, нема почеток на градба, апсолутно ништо.
Фрлија лопата, направија реклама и толку.
Нема ништо, уште една празна нива, празен градежен плац посеан со лаги, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:

СДС и ДУИ се церемонијал, мајстори за промоција на проекти и инвестиции што потоа никаде ги нема.
Почитувани,
Дали церемонијата беше потребна за да се испере Артан Груби од скандалот поврзан со градбата на Коридорот 8 и 10 или беше потребно за да се обезбедат пари за фирма миленичка на ДУИ, ако веќе нема пари за печатење на учебници?
Почитувани,
Ова празна нива е вистината за владеењето и за лагите на СДС и ДУИ. Ова е сликата за иднината со СДС и ДУИ, скапи церемонии, скапи свечености, фирми блиски до ДУИ и СДС и празни градежни плацеви. Само избори се спасот од тонењето на Македонија.

извор: ВМРО ДПМНЕ