Контроверзниот руски бизнисмен Виктор Баут испрати телеграма до поранешниот американски претседател Доналд Трамп, повикувајќи го да ја посети Русија, пренесува Анадолу.
„Денес му испратив телеграма на поранешниот претседател Доналд Трамп. Пред сѐ, верувам дека животот му е во опасност. Судењето што започна во Њујорк нема да заврши така што Доналд Трамп само ќе биде осуден и ќе ја загуби својата можност за претседател“, рече Баут по испраќањето на телеграмата.
Руската новинска агенција ТАСС објави дека Баут го повикал Трамп во Москва и му понудил заштита и политички азил со цел да започне „побуна против глобалистите и да го спаси американскиот народ“.
Баут, трговец со оружје, ослободен е во рамките на размената на заробеници меѓу Русија и САД изминатиот декември.
Тој беше притворен во Бангкок 2008 година по налог на локалниот суд на барање на САД. Во април 2012 година осуден е на 25 години затвор и парична казна од 15 милиони долари.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.