Еруптираше вулканот Фуего во Гватемала: Евакуирани повеќе од 1.000 луѓе

Поради ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала, евакуирани се 1.054 лица, известува Анадолу.

Националната агенција за координација за ублажување на катастрофи објави дека повторно еруптирал Фуего, еден од најактивните вулкани во Средна Америка, на надморска височина од 3.763 метри.

Агенцијата информираше дека вулканот исфрла облаци од жежок пепел и додаде дека овие облаци би можеле да влијаат врз животите на 100.000 жители од регионот.

Официјално лице на цивилната одбрана, Оскар Косио, потврди дека се евакуирани 1.054 лица од пет населби во близина на вулканот.

Фуего е висок 3.763 метри и е еден од најактивните вулкани во Средна Америка.

Од ерупцијата на вулканот Фуего во 2018 година животот го загубија 194 лица, а исчезнаа 234.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.