Поминаа пеколните горешнити, август го носи крајот на летото, најава на Славчо Попоски

0
883

Метеопрогнозерот Славчо Попоски кој редовно ја следи временската прогноза во својата катка објава на социјалните мрежи тој најавува дека пеколните горешнити од над 40 степени се веќе минато.

Продолжува стабилното, суво и претежно сончево време во Македонија, само во понеделник во попладневните часови ќе има појава на локална и краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Сепак утринските температури ќе бидат многу пониски од изминатите утрини и тие ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, но утре изутрина во Малешевијата таа ќе се спушти и под 10 степени.

Максималните дневни температури на воздухот пак во следните денови ќе бележат тенденција на пораст, но тие нема да бидат екстремно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени.

Исто така тој најавува дека месец август веќе го носи и крајот на летото. Како што вели многу повеќе ќе има во деновиве кои престојат во неговата следна најава за метеопогнозата во Македонија.