Ристески до Сугарев: Дали ФЗО извршил редовни или вонредни контроли во периодот од 2018 до објавувањето на извештaјот од државниот завод за ревизија за случајот Онкологија и доколку извршил што покажале тие контроли?

Петар Ристески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија  се осврна на изјавите на екс министерот Венко Филипче и сегашниот министер за здравство, Фатмир Меџити кои биле сосема спротивни изјави.

-После вчерашното излагање на двајцата  министри каде што видовме дека има две спротиставени изјави на екс министерот и на актуелниот министер, екс министерот не убедуваше дека цветаат рози во македонското здравство, посебно во периодот додека извршувал функцијата министер за здравство. Но, од друга страна актуелниот министер со изјава како и претходно во неколку наврати дека состојбите во македонското здравство се многу лоши односно состојбата е алармантна, дури и изнесе свое видување дека апсолутно дека во голем дел  од клиниките, менаџерските тимови ништо не работат и дека сите 66 директори се за менување, тој би ги сменил. Искажа исто дека не се проблем буџетите бидејќи сите јавни здравствени установи добивале солидни буџети од Фондот за здравствено осигурување  на Република Македонија, но се работело лошо, се работело недомаќински и затоа откако ја презел функцијата министер веќе започнал со промени, сменил 22 директори, а во иднина имал намера да ги смени и сите 66 менаџери на јавни здравствени установи, потсети Ристески.

По сето ова Ристески во текот на своето обраќање упати прашање до Миле Сугарев, раководител на Сектор за финансиски прашања и в.д на Фондот за здравствено осигурување во период од шест месеци кога немал ФЗО директор, дали Фондот извршил редовни  или вонредни контроли во периодот од 2018 до објавувањето  на извештајот од државниот завод за ревизија и доколку извршил што покажале тие контроли?

-Па оттука е првото логичко прашање, дали Фондот врши контрола во изминатиот период во јавните здравствени установи и дали утврдила ваква состојба за каква не брифираше вчера министерот, и во кои свои извештај Фондот нотирал вакво нешто, во кои тоа јавни здравствени установи е толку лоша или алармантна состојбата, дали фондот утврдил доколку вршел извештајот во своите извештаи. Еве и за клиниката за онкологија за кого и постои оваа анкетна комисија дали фондот извршил редовни  или вонредни контроли во периодот од 2018 до објавувањето  на извештајот од државниот завод за ревизија и доколку извршил што покажале, праша Ристески.

 

извор: ВМРО ДПМНЕ