Новак Ѓоковиќ ги крсти децата во манастирот Острог, Стефан има девет, а Тара шест години

0
348

Новак Ѓоковиќ заедно со семејството и кумовите пристигна во едно од најголемите српски светилишта за да ги крсти своите деца. Тара и Стефан Ѓоковиќ заедно беа крстен во манастирот Острог, Стефан на девет, а Тара на шест години.

Крштевањето го изврши српскиот патријарх Порфирије, а традиционално Новак ја избира Црна Гора за место каде што ќе ги одбележи најважните моменти од семејниот живот. Со сопругата Јелена се венча во Свети Стефан, а сега ги крсти децата малку посеверно.

Малечките беа облечени во бело за време на церемонијата, а Новак разговараше со патријархот Порфирије пред самата церемонија.

„Најискрено ќе кажам, Бог и ангели чувари. Во оние моменти кога физички и материјално не можете да ги почувствувате нозете, земјата под вашите нозе се врти, небото над вашата глава. Тогаш со твојата вера што ја имаш, се надеваш дека ќе има божествена интервенција. Можеби нема да ми верувате, но ова ми се има случено многу пати во кариерата. Се изненадив, ментално размислувајќи, како поминав преку тоа. Можно е ако верувате во Бог и ако верувате дека постои виша сила која ви помага. Го сфаќам тоа сериозно и верувам. Дефинитивно имаше божествено присуство“, рече Ѓоковиќ.

 

извор: lokalno.mk