(ВИДЕО) Ловци на богатство пронашле куп сребреници

Тие престојувале во шумата, поранешен дел од Источниот фронт, каде германските војници се предале во 1945 година.

На почетокот, ги гледаме како се движат низ шума со застрашувачки изглед и носат детектори за метал.

Во еден момент сигналот станал посилен, па решиле да ја ископаат земјата со раце. Под слојот кал пронашле една, а потоа и куп сребреници.

Монетите биле во одлична состојба и покрај тоа што лежеле во земја речиси 80 години, пренесува The Sun.

Во крупен кадар гледаме монета на која на предната страна е изгравиран портретот на Антанас Сметон, кој во два наврати бил претседател на Литванија.

На крајот извадиле 32 монети со различни гравури и гордо ги покажале на камерата.

Пронајдените скапоцености се ставени на аукција, а се верува дека можат да достигнат значителна цена.

vesnik.com