Младиот балкански инфлуенсер и тиктокер Erwin_Beg кој живееше во Австрија е пронајден мртов пред неколку дена во Грац

Како што пренесуваат регионалните медиуми, Ервин Бегиќ (23), како што му е вистинското име, најверојатно се самоубил со бесење.

Бегиќ се прослави на социјалните мрежи како личност која сака луксуз, па во видеата кои ги објавуваше доминираа скапи автомобили, атрактивни локации и брендирана гардероба.

Засега нема никаква информација зошто би можел да посегне по сопствениот живот.

По трагедијата, сега сите го коментираат последното видео кое го објавил на „Тик Ток“-селфи, а во позадина се слуша рефренот „Лажеш ме љубави“. Снимката е објавена истиот ден кога Бегиќ е пронајден мртов во неговиот дом.

 

news24live.com