Тетовец си го нападнал 90-годишниот татко

Вчеравечер околу 22 часот и 30 минути на улица „Ѓорче Петров“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 69-годишниот тетовец С.А.. Тој, претходно бил пријавен дека се однесувал агресивно и физички го нападнал неговиот деведесетгодишен татко.

Задржан е во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.