27.02.2024 кога го одбележуваме упокоението на нашиот просветител св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим се одржа молебен на гробот на Св. Кирил. На молебенот чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на митрополитот Европски г. Пимен, и митрополитот Тетовско- гостиварски г. Јосиф, игумен Агатон, протоереј-ставрофор Маријанчо Мадевски, протоереј Трпе Богоески, протоѓакон Александар Димитриов, протоѓакон Ванчо Умленски.
На молебенот присуствуваше и директорот на Комисијата за верски прашања (КОВРЗГ) г-дин Даријан Сотировски, амбасадорот на Република Македонија во Ватикан г-ѓа Марија Ефремова, амбасадорот на Р. Македонија во Рим г. Весел Мемеди, проф д-р Ѓоко Ѓорѓески од Православниот Богословски фалкутет.
tge.mk