(ВИДЕО) Поплава во пустина, милионски град под вода

Силни грмотевици и обилни врнежи од дожд со поплави ги погодија пустините во Југозападна Азија и Блискиот Исток во изминатите два дена.

Невремето со многу обилни врнежи се движеше низ југоисточните делови на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Подрачјата лоцирани во песочната пустина добија многу обилни дождови, поплави и порои, како и силни грмотевици.

Најинтензивни грмотевици имало во поширокото подрачје на Дубаи, каде за неколку часа наврнале 56 литри дожд на метар квадратен, а просекот за цела година е 80 литри. Инаку, со оглед на тоа што ова подрачје наврнало 40-50 литри во друг бран невреме пред нешто помалку од еден месец, гледаме дека во два наврати наврнале повеќе дожд за еден месец отколку во цела година.

telegraf.rs