Според првичните резултати од парламентарните избори во Австрија, Партијата на слободата во водство

0
6

Само неколку минути по затворањето на гласачките места во Виена, Министерството за внатрешни работи ги објави првите прогнозирани резултати, според кои на прво место е Австриската партија на слободата, со 29,1 отсто, најдобар резултат во нејзината историја.

Резултатот е за 13 проценти подобар од резултатот во 2019 година.

Владејачката Австриска народна партија е на второ место со 26,3 отсто, што е загуба од 11,1 отсто. Австриската социјалдемократска партија губи 0,1 отсто и го забележа најнискиот резултат досега (20,9 отсто).

НЕОС моментално е на четвртото место со 8,8 отсто, постигнат е плус 0,7 процент, Зелените загубија 5,3 отсто и се на петтото место со 8,6 отсто.

Право на учество на изборите за Националниот совет – Долниот дом на австрискиот Парламент имаа 6.346.059 австриски граѓани на возраст над 16 години.