Се обидувам да најдам грант средства за да направиме отворен систем на патарини и да ја зголемиме ефикасноста на патувањето, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостување на ТВ Телма.
“Планираме да направиме отворен систем на патарини. Сега ние имаме систем како во Грција, а отворениот систем е како во Србија. Во однос на автопатската делница од Скопје до Охрид нема потреба од инвестиции за ова бидејќи тие сега се градат, а за делницата од Табановце до Гевгелија потребни се големи средства и верувајте дека континуирано бараме извори на финансирање во вид на грантови”- истакна министерот Николоски.
Во однос на модернизација на патарините тој истакна дека тоа е поради воведување на таговите што ги користат и странски граѓани и е дел од обврските на Отворен Балкан
skopjeinfo.mk