Американската приватна вселенска компанија Спејс Икс (SpaceX), лансираше 24 Старлинк сателити во орбитата, пренесува Анадолу.
Со ракетата Фалкон 9 синоќа лансирани се 24 Старлинк сателити од вселенската станица Кејп Канаверал во југоисточната американска сојузна држава Флорида, соопшти Спејс Икс на платформата X.
Вселенската компанија подоцна го потврди распоредувањето на сателитите во орбитата.
Според Спејс Икс, Старлинк ќе обезбеди брз широкопојасен интернет за области каде што има несигурен, скап или воопшто немаат пристап до интернет.