Две лица лишени од слобода и со две извршен службен разговор, вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 08.06.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 06.06.2026 околу 19:30 часот во домот во скопско, нејзиниот сопруг Р.Ј.(47) и се заканувал. Со него бил извршен службен разговор во Полициската станица Кисела Вода.
На 08.06.2026 во 21:50 часот во СВР Тетово, 60-годишен жител на Тетово пријавил дека околу 16:30 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ бил физички нападнат од неговиот син Е.М.(34).
На 09.06.2026, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.Б.(46) од Битола затоа што во семејниот дом во битолско физички ја нападнал неговата сопруга.
На 08.06.2026 во 16:25 часот на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.Б.(31) од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека на булевар „Туристичка“ во Охрид физички ја нападнал неговата сопруга.
На 08.06.2026 во ОВР Струга е извршен службен разговор со В.С.(40) од струшко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот малолетен син. Додека, на 09.06.2026 во 00:03 часот во ОВР Струга, В.С. пријавил дека неговата сопруга Н.С.(41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа. По овластување на јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на ул.„Владо Малески“ ги затекнале децата како спијат. Децата се предадени на таткото В.С..
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.