Според анализа на Блумберг, Русија ќе заработи големи пари оваа година

Проценетите приходи од продажбата на руската нафта и гас изнесуваат 321 милијарда долари. Се очекува дека руските енергетски приходи оваа година нагло ќе пораснат, доколку трговските партнери продолжат да купуваат нафта и гас од државата погодена од западните санкции.

Се проценува дека Русија во 2022 ќе има извоз енергенси во вредност од 321 милијарда долари, што е зголемување за повеќе од една третина во однос на минатата година, се вели во анализата на Блумберг.

-Со сегашните аснкции се чини дека значителниот прилив на цврсти валути во Русија ќе продолжи, се вели во извештајот на економските експерти од Институтот за меѓународни финансии (ИФФ) кој е цитиран од Блумберг.

Сепак аналитичарите на ИФФ сметаат дека потенцијалното енергетско ембарго од страна на ЕУ, Велика Британија и САД ќе досведе до неизбежен пад на производството за повеќе од 20 отсто и дека тоа може да ја чини Русија 300 милијарди долари помали приходи од извоз , во зависност од промената на цените.

Државата наводно е на пат и кон рекорден суфицит на тековната сметка, која според експертите може да достигне и до 240 милијарди долари.

Русија е  најголемиот светски извозник на природен гас и трет по големина извозник на нафта. Некои земји, вклучувајќи ги САД и Велика Британија го забранија увозот на руски енергенси како дел од санкциите поради инвазијата на Украина. Сепак ЕУ одби да го стори тоа.

 

vocentar.com