Австрија во моментов не може да гласа за предлогот на Европската комисија за воведување ограничувања на цената на рускиот гас, соопшти Министерството за енергетика на Австрија по повод состанокот на министрите за енергетика на ЕУ.
Министерството соопшти дека се работи пред се за санкции, а не за енергетско политичко прашање.
Колку и да е болно, сепак сме зависни од рускиот гас“, нагласува Виена .
Министерката за енергетика Леоноре Гевеслер на средба со колегите од земјите членки на ЕУ ќе побара цената да се намали со паметни мерки за намалување на потрошувачката на струја.
faktor.mk