Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Денеска започнаа предвидените работни активности за санација и ревитализација на единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) лоцирано во Охридската чаршија на плоштадот „Чинар“.

Активностите се дел од овогодинешната Програма за заштита на животната средина и природата и се финансирани од буџетот на Општина Охрид. Санацијата и ревитализацијата на стеблото се очекува да заврши за околу десетина дена и истата ќе се одвива под надзор на стручни лица од Шумарскиот факултет од Скопје.

Единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) кое е од големо природно, културно и историско значење за Охрид извесен период се наоѓаше во многу лоша состојба и беше неопходно е да се преземат соодветни мерки за санација и ревитализација, со цел да се обнови и да му се продолжи животниот век.

Минатата година од страна на Министертвото за животна средина и просторно планирање беше донесено Решение за прогласување на „Чинар-Охрид“ за природна реткост.