Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Купувачите не издржаа. Пред трговскиот центар ТЕГ во Тирана, во време на КОВИД 19 редови за купување на црн петок.

Инаку албанските болници се преполни. Министерството за здравство и социјална заштита информираше дека во Албанија продолжува трендот на голем број заразени, починати но и на оздравени од Ковид-19.

-Во последното деноноќие процентот на лицата кај кои е дијагносициран Ковид-19 останува непромент,односно 30 отсто од тестираните. Направени се 2.201 тестови при што позитивен резултат е добиен кај 645 лица. Битката со вирусот ја добија 403 или вкупно 17.755 од вкупно заразените 36.245 лица,информираа од министертвото.

Се додава дека во исто време починале 18 или вкупно 771 лица до сега. Меѓу починатите е и познатата албанска академска сликарка Лумтурие Блоши(76) која била заразена пред три недели. Блоши ја споредуваа со истакнатата мексиканска сликарка Фрида Кало.