Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Погребот на Д-р Драган Спасески -Охридски ќе се изврши денес на градските гробишта во Охрид.

Голем број од Вас ќе сакаат да му оддадат последна почит на покојниот па затоа Ви се обраќаме јавно дека погребот ќе се изврши согласно протоколите за Covid во кругот на потесното семејство. Семејството и операторот “МИРЕН СОН ” Ве замолуваат вашето сочувство да го изразувате по телефон или на социјалните мрежи, стои во објавата од погребалното претпријатие „Мирен сон“.

д-р Драган Спасески Охридски ја изгуби битката со корона Вирусот. Спасески беше доктор специјалист по ортопедија, уметник чии дела повеќе од 30 години ги воодушевуваат љубителите на уметноста во земјава и странство, поет, кој истовремено се занимава со дизајн, компјутерска уметничка графика, уредување на ентериери, обожван од охриѓани, ценет во секоја област.

Драган Спасески Охридски е роден 1960 година и по професија беше доктор-специјалист ортопедски хирург.

Спасески Охридски важеше за голем презентер на македонската уметност надвор од границите на земјава.

Спасески зад себе остави сопруга и син.