(ФОТО) Норвешка, земја на атракции и посебни места

0
225

Фотогеничен камен кој е тешко достапен

Во јужна Норвешка, во близина на селото Лисеботн , помеѓу две карпи, на надморска височина од речиси 1000 метри, се наоѓа каменот Кјерагболтен. Се претпоставува дека каменот се заглавил помеѓу овие две карпи уште од ледената доба, а денес е туристичка атракција која привлекува луѓе од целиот свет. Планината Кјераг, пак, каде се наоѓа овој камен, достигнува 1080 метри. Искачувањето трае од 3 до 5 часа, а не се препорачува искачување на дождливо време бидејќи камењата се лизгави.

Ловци на поларната светлина

Ловците на екстремни поларни светлина ќе се упатат кон Свалбард, група острови во Баренцовото Море. Архипелагот Свалбард е најсеверниот дел на Кралството Норвешка и не нуди туристички атракции, но затоа се гордее со фактот дека е место со најубавите глетки на поларната светлина.

Градот во кој е забрането да се чува мачка и да се умре

Симпатичниот град Лонгјарбиен се наоѓа на норвешкиот архипелааг Свалбард во Арктичкиот Океан. Иако звучи чудно, мачките се забранети во Свалбард, а тоа е од еколошки причини… Имено, за да се заштити локалната фауна, односно животот на локалните птици кои живеат во изолиран екосистем и кои и онака се малку, забрането е чување на овие миленици. Освен тоа, од 1950 година во ова гратче „не смее да се умре“, односно да се закопаат мртвите. Станува збор за закон кој бил донесен откако било откриено дека телата кои се закопани овде не се распаѓаат. Во арктички услови и екстремен студ, телата остануваат зачувани, па во телата на починатите е пронајден и вирусот на шпански грип. Телото во кое „живеел“ споменатиот вирус е закопано во 1918 година, а научниците го откриле случајот во 1998 година. Така, оние кои се многу болни се транспортираат во други градови за таму да ги поминат последните денови.

 

kafepauza.com