ВМРО-ДПМНЕ: Предложивме и беа изгласани субвенции на градот Скопје за ранливи категории, Левица, ГРОМ беа против помош

0
239

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија предложи и беше изгласа амандман со кој се овозможува доделување на еднократна парична помош за субвенционирање на дел од потрошената електрична енергија за социјално ранливи категории на граѓани, ученици и студенти од социјално загрозени семејства, самохрани родители, деца без родители и пензионери со минимални примања, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија во Советот на Град Скопје.

Во продолжение ја пренесуваме истата во целост:

Со оваа одлука се утврдува доделување на еднократна парична помош за субвенционирање на дел од потрошената електрична енергија за социјално ранливи категории на граѓани.

На јавен повик во кој ќе бидат утврдени категориите, ќе бидат опфатени и условите кои треба да се исполнуваат за субвенционирање на дел од потрошената електрична енергија за социјално ранливи категории на граѓани, а на кои ќе им биде доделена еднократна парична помош во износ од 1.100,00 ден. за изминат месец.

Против оваа одлука освен Арсовска беа советниците од Левица, Александар Трајановски од ГРОМ и советничката Ирена Попова.

извор: Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија во Советот на Град Скопје