Ерупцијата на најголемиот активен вулкан на светот го привлекува вниманието на посетителите на Хаваи

0
283
По ерупцијата на Мауна Лоа, најголемиот активен вулкан на светот, сместен во американската сојузна држава Хаваи, лавата продолжува да истекува, а на врвот од соседниот рид се собираат луѓе кои сакаат да ја набљудуваат и фотографираат ерупцијата ( Tayfun Coşkun - Агенција Анадолија )

По ерупцијата на Мауна Лоа, најголемиот активен вулкан на светот, сместен во американската сојузна држава Хаваи, лавата продолжува да истекува, а на врвот од соседниот рид се собираат луѓе кои сакаат да ја набљудуваат и фотографираат ерупцијата, известува Агенција Анадолија (АА).

Вулканот се наоѓа на хавајскиот Голем Остров и за последен пат еруптирал во 1984 година, кога исфрлал лава повеќе од три недели.

Хавајската Агенција за итни ситуации пред неколку дена информираше дека примила извештаи за истек на лава што почнала да истекува по должината на југозападниот дел од вулканската калдера (кратер).

Власта издаде предупредување за паѓање на честички пепел на Големиот Остров, а Националната метеоролошка служба го повика локалното население со респираторни заболувања да остане во своите домови и да го избегнува вдишувањето на честитките пепел, а оние кои излегуваат надвор да користат маски или да ги покријат устата и носот со крпа или марама.

„Вулканот Мауна Лоа почна да еруптира на 27 ноември околу 23:30 часот по локално време во Националниот парк „Хавајски вулкани“, за првпат по 38 години“, објави Хавајската опсерваторија за вулкани.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).