11-ти натпревар по Англиски јазик за доделување на стипендии

0
145

Од денот на отварањето и почетокот на реализација на воспитно-образовна дејност, П.С.У “Јахја Кемал” постојано организира или е домаќин на повеќе научни, социјални, културни, спортски и други активности. Целта на овие активности е да се мотивираат учениците да посветат повеќе внимание на науката и образованието, а како резултат на постигнатиот успех од натпреварите да се наградуваат и да им се доделат стипендии за упис во нашето училиште.

П.С.У “Јахја Кемал“ , на ден 17 Декември 2022. (недела) со почеток во 11часот го организира 11-ти натпревар по Англиски јазик за доделување на стипендии. Основните училишта и предметни наставници по Англиски јазик во електронска форма можат да пријават најмногу 10 ученици од своето училиште. Краен рок за пријавување е : 15.12.2022г.

 

За П.С.У “Јахја Кемал“ – Боговиње-Тетово можат да се пријавуваат училиштата на општините од Тетово, Гостивар, Боговиње, Желино, Брвеница, Јегуновце, Теарце, Врапчиште и Маврово-Ростуше. Преку email адреса orhan.mustafa@ykc.edu.mk .

И за П.С.У “Јахја Кемал“ – Струга можат да се пријавуваат училиштата на општините Струга, Охрид, Вевчани и Дебарца. Преку email адреса struga@ykc.edu.mk .

 

 

П.С.У “Јахја Кемал“