Пенов: Владата може насилно да ги тргне автобусите

0
154

Во вечерашното гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител министерот за локална самоуправа кажа дека владата има инструменти како да ја тргне блокадата но тој инструмент е насилно тргање на автобусите.

„Владата има инструмент како да ја тргне блокадата но тој инструмент е насилно да ги тргнеме автобусите од улица. Се анализира состојбата има и елементи за некаков тип забрана.

На пример раскрсницата на Црвен Крст директно го попречува одењето на училиште во Браќа Миладиновци што е елемент во законот внесен.

Да се истрпат сите можности за разрешување на проблемот па владата да презема мерки, затоа што веќе не е само облигациониот однос и 1 милион долг кон приватните превозници, имаме раскинување на нивниот договор, тие и да го примат долгот се веќе исклучени од натамошна работа“, кажа Пенов.

извор: Сител