Нов скандал во АНБ: Службени возила регистрирани на приватни лица

0
371

Нов скандал ја тресе Агенцијата за национална безбедност, овојпат поврзан со неколку автомобили кои наместо на име на Агенцијата, биле заведени на лични имиња на вработени од секторот за стратешка соработка, дел од кои воопшто не ни имале возачка дозвола, дознава Слободен печат.

За случајот се дознало, кога на една од вработените ѝ стигнала опомена дека извршител ќе ѝ наплати за наводна сторена сообраќајка во која што таа „учествувала” со возилото кое што било на нејзино лично име, а не на име на АНБ. Но, вработената ниту вози автомобил, ниту има возачка дозвола, ниту знаела дека сообраќајката е направена.

Единствено, автомобилот бил регистриран на нејзино име, а тој што го возел, кога ја направил сообраќајката во европскиот записник ги дал нејзините податоци, односно податоците од сопственикот на автомобилот.

Повеќе на „Слободен печат

фото: МИА