Обид за државен удар во Германија – уапсени 25 осомничени членови на германска екстремна десница

0
216

Низ Германија беа уапсени 25 лица осомничени за заговор за државен удар и за соборување на владата.

Германските медиуми јавуваат дека група десничари и поранешни воени лица планирале да упаднат во зградата на парламентот и да ја преземат власта.

Во Германија се приведени 25 лица, кои се осомничени дека се членови на терористичка организација или кои ја поддржувале, а кои, како што се претпоставува, планирале да извршат државен удар со упад во Бундестагот, пренесоа германските медиуми.

Акцијата се спроведува под името „Соко-сенкс“ и во рамките на неа 3.000 припадници на безбедносните служби извршиле претрес на 137 објекти во сопственост на 52 осомничени, а 25 од нив се уапсени.

Операцијата започна во шест часот наутро со претрес на куќи во берлинскиот станбен кварт Ванзе. Акциите беа започнати на координиран начин во Бад Лобенштајн, Баден-Виртемберг, Саксонија, Баварија, Хесен, Долна Саксонија, но и во соседна Австрија – Кицбил и Перуџа во Италија.

извор: Канал 5