ВМРО ДПМНЕ: Странски извршители да гонат криминал, а не домашни е јавен пораз и доказ дека МВР продуцира криминал, Спасовски да си даде оставка

0
251

Проблемот е МВР, денес да имаше грам морал по поразот странски извршители да гонат криминал, а не домашни, министерот за МВР ќе си дадеше оставка.

Тоа е јавен пораз дека МВР не гони криминал, туку дека продуцира криминал, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Странски извршители доаѓаат да гонат криминал затоа МВР на Спасовски издаде над 215 пасоши на светски нарко дилери, а АНБ дава дозволи за државјанство на контроверзни светски политичари кои се на црна листа на САД и не се способни да отворат на интернет да ги проверат на јавно достапни информации.

На МВР на Спасовски му избегаа главните нарко дилери од Грчец, а дрогата не ја ни најдоа, додека пак началник на МВР дилаше дрога, а ДЕА мораше да интервенира.

Полицајци ги бркаат вооружени групи од Арачиново, а Спасовски наместо да расчисти со криминалците, ги санкционира полицајците.

Спасовски дотолку не може да гарантира безбедност што и оружје од магацин на МВР им украдоа.

Воедно Македонија со СДСМ и вакво МВР е на врвот по корупција во регионот и Европа. Затоа доаѓаат странци да се борат против криминалот.

извор: ВМРО ДПМНЕ