Ивана Кнол гостуваше кај Пирс Морган, ктарците ја прифатија мојата облека, се сликаат сите со мене!

0
269

ИВАНА КНОЛ, најпознатата хрватска навивачка, се појави во шоуто на Пирс Морган каде зборуваше за критиките за нејзината оскудна облека на трибините во Катар. Нол во шоуто се појави во деколтиран горен дел и изјави дека, „откако пристигнала во Катар, не добила никакви негативни коментари за нејзината облека“.

 

На прашањето на Пирс дали наишла на „отпор“ на скудните комбинации во мнозинската муслиманска земја, Ивана одговорила: „Не, да бидам искрена. Бев многу изненадена, многу среќна, Катарците ја прифатија мојата облека. Со мене се сликаат и жени , деца…“

Со Пирс во истата емисија разговараше и катарскиот бизнисмен Мохамед Хасан ал Џефаири. Тој минатата недела предизвика дебата на Твитер кога го критикуваше појавувањето на Ивана на трибините. Затоа Пирс го покани Мохамед во неговото шоу, за да објасни што сакал да каже со неговата критика.

 

„Се надевам дека Светското првенство е можност за Ивана, како и за другите странски навивачи, да дознаат повеќе за катарската култура“, рече тој. Тој исто така додаде дека „никој нема да биде доволно храбар директно да и се спротивстави на нејзиниот избор на облека“.

 

Тој, исто така, заклучи дека Ивана може да носи традиционален катарски фустан (op.a. abayha). „И таа би изгледала добро во него“, рече тој.

 

Ивана му одговори на Пирс дека нејзината облека нема никаква врска со навреда на катарската култура и додаде дека локалното население и потврдило дека може да се облекува како што сака за време на турнирот. „Ја почитувам секоја земја“, рече таа.

 

index.hr