Нов земјотрес во Јадранско Море со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала

0
170

Епицентарот на земјотресот бил на 67 километри источно од италијанскиот приморски град Римини

Нов земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди Јадранското Море околу седум часот утринава, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на 67 километри источно од италијанскиот приморски град Римини.

Набргу по земјотресот се јавиле граѓани кои го почувствувале.

„Траеше неколку моменти, беше силно“, напишал еден граѓанин на триесетина километри оддалеченост од епицентарот, додека пријател напишал дека „ова беше утрински шок“.

Приближната локација беше погодена од земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала на 9 ноември, кој беше почувствуван во Хрватска. По него следеа неколку умерени земјотреси во областа.

Фото: Архива