Малолетник малтретиран од соученици во училиште во Неготино

0
260

Жена од селото Пепелиште, Неготинско пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички и психички малтретиран од двајца негови соученици, кои му одзеле пари кои ги носел со себе.

„На 05.12.2022 со закана му побарале пари, кои малолетникот на 06.12.2022 ги зел од дома и им ги дал, без знаење на родителите. За случајот е запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување“, соопшти полицијата.

 

nezavisen.mk