Повеќе населби во Париз останаа без струја

0
204

Повеќе населби во францускиот главен град Париз се соочуваат со прекини на електрична енергија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на БФМТВ (BFMTV), врз основа на соопштението на „Енедис“, институција задолжена за инфраструктурата и одржувањето на линиите на електрична енергија, повеќе улици од зоните 1, 3, 4 и 5 во Париз биле погодени од прекини на електрична енергија во 23:00 по локално време и централниот дел на Париз остана во мрак.

Градоначалникот на Централната општина во Париз, Ариел Веил, синоќа во 22:42 часот по локално време преку Твитер соопшти дека во зона 4 и 5 дошло до прекин на електричната енергија.

Според веста на јавниот емитер „Франс инфо“ (Franceinfo), противпожарните служби во Париз потврдиле дека граѓаните ги контактирале нив поради прекинот на електричната енергија во зона 4, и дека случајот се чини дека е поврзан со дефект на трафостаница на „Енедис“. Противпожарните служби во Париз нагласија дека состојбата се регулира.

извор:Агенција Анадолија (АА).

 

фото:Агенција Анадолија (АА).