Несреќа во Србија: Старец пронајден мртов во бунар, пријавил неговиот внук

0
253

Во селото Рановац кај Петровац во Србија, попладнево е пронајдено безживотно тело на 81-годишен старец.

Според информациите од СВР Пожаревац, телото го пронашол внукот на жртвата, кој потоа повикал полиција.

Набрзо, покрај полицијата, на терен пристигнала и противпожарната единица која го извлекла телото од бунарот.

Надлежното обвинителство нареди обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

Случајот ќе биде затворен доколку се утврди дека падот во бунарот се случил случајно или се работи за самоубиство.

Само доколку се посомнева дека смртта е предизвикана од насилство, ќе се покрене истрага.