(ВИДЕО) Вучиќ: Ова е мојот последен мандат

0
215

Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето годишно обраќање до граѓаните рече дека нивната земја е поважна од лидерите и политичките партии и им се заблагодари за поддршката.

Тој додаде дека негова работа е да биде на страната на граѓаните, на секој човек во Србија.

Истакна дека постојат луѓе кои сфаќаат дека нивната земја е поважна од лидерите и политичките партии и им се заблагодари на поддршката.

„Сакам да кажам големо благодарам на разбирањето на сè што се случуваше минатата година, не на мене туку за тоа што ја разбиравте својата земја. Постојат луѓе кои знаат дека земјата е поважна од лидерите и партиите“, кажа Вучиќ.

Истакна дека неговата работа е да биде на страната на граѓаните, на секој човек во Србија.

„Тоа сè додека можам ќе го правам на најдобриот можен начин, и покрај тешките прилики“, кажа српскиот претседател.

Вучиќ кажа дека нема никаква потреба да ги лаже граѓаните, ниту да ги прикрива фактите.

„Ова е мојот последен мандат. Нема да го менувам уставот. Мојата работа е да бидам на страната на граѓаните и на секој човек во земјата, и тоа ќе го правам на најдобриот начин, и покрај тешките прилики со кои се соочуваме“, истакна Вучиќ.

Видео: Тањуг