Жена и дете нападнати од маж со секира во Загреб, детето умрело, а напаѓачот се фрлил под автомобил

0
190

Маж (41) доцна синоќа во Загреб со секира нападнал жена (41) и дете (1,5), а потоа побегнал и се фрлил под автомобил, пренесува хрватски „Индекс“.

Од здобиените повреди детето починало во болница во Загреб.

Напаѓачот побегнал и завршил на обиколницата каде на него налетало возило и го усмртило на лице место.

Од Јавното обвинителство на Загреб велат наскоро ќе излезат со соопштение за случајот бидејќи во тек е полициска истрага за утврдување на сите околности на овој напад.

 

index.hr