More

    На убиецот на детето во Загреб, му била укината забраната за пристап

    Во средата вечерта 43-годишниот Горан Кнежевиќ, во загрепска Пешченица, убил дете и тешко ја повредил мајката, неговата поранешна сопруга, пред да се упати кон автопатот каде што се самоубил
    Загрепската полиција одржа прес-конференција во врска со убиството на девојчето извршено од Горан Кнежевиќ.

    Полицијата потврди дека мажот се самоубил фрлајќи се под камион. Семејството неколку години било под надзор на Центарот за социјална работа, додека убиецот ѝ бил познат на полицијата од претходно.

    „Реагиравме во три наврати. Еднаш било прекршочно и во два наврати поради кривично дело загрозување и повреда на права на дете. Некогаш имал одредени забрани, но сите мерки престанале во март 2021 година. Сторителот не живеел со нив, туку повремено доаѓал. Едното дете е негово, а имало судско решение според кое имал право на посети. Секогаш кога тоа било побарано, полицијата реагирала. За година и пол немало пријави за семејно насилство и немало потреба од полициска акција“,

    посочија од полицијата.
    Во средата вечерта 43-годишниот Горан Кнежевиќ, во загрепска Пешченица, убил дете и тешко ја повредил мајката, неговата поранешна сопруга, пред да се упати кон автопатот каде се самоубил.

    Загрепската полиција во четвртокот соопшти дека нешто пред и по 20 часот и 30 минути добила повеќе повици поврзани со семејно насилство во областа Пешченица.

    Првиот повик го упатила 42-годишната жена која пријавила злоупотреба од нејзиниот 43-годишен „најверојатно пијан“ поранешен сопруг.

    Потоа имало уште два повика, еден за расправија на патот, а потоа за повреди со секира.

    Полицијата посочува дека веднаш по првиот повик излегла на местото на настанот и констатирала дека 43-годишен маж со секира ги удрил детето и неговата мајка во пределот на главата и дека се пронајдени во тешка состојба.

    Полицајците веднаш почнале да им укажуваат прва помош, а потоа по пристигнувањето на брзата помош на повредените им била укажана лекарска помош во загрепските болници.

    Набрзо полицијата утврдила дека сторителот на ова насилство со автомобил со непозната регистрација побегнал во непознат правец, а потоа била известена за смртта на маж во сообраќајна несреќа на автопатот А3.

    На местото на несреќата загрепското обвинителство и полицијата извршиле истрага и утврдиле дека се работи за самоубиство.

    Рано утринава добиле информација дека детето починало од повредите.

     

    360stepeni.com

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    0.8 ° C
    0.8 °
    0.8 °
    55 %
    6.2kmh
    75 %
    Sun
    0 °
    Mon
    0 °
    Tue
    2 °
    Wed
    1 °
    Thu
    -3 °
    spot_imgspot_img