Воз удри во комбе во Велес, повредени се најмалку десет лица

0
135

Десет лица се повредени во железничка несреќа која денес напладне се случила на железничкиот премин кај фабриката Порцеланка во Велес.

Од МВР за Курир потврдуваат дека воз на Македонски Железници удрил во такси возило – комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од Д.Ј.(52) од Чашка.

-Во незгодата со повреди се здобиле 10 патници кои биле пренесени во Општа болница Велес за укажување лекарска помош, велат од МВР.

Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.

извор:МВР