Сани тајно се омажи, го смени и презимето

0
328

Неколку месеци откако се разведе од Мартин, се рашири веста дека Сани си фатила нов дечко. Всушност, прво Сани објави слика во бикини дека е во Швајцарија и дека се бања во базен.

Па, на наредното стори, можеше да се види дека Сани бакнува некој маж, додека на третото, новиот дечко на Сани објави слична фотографија како ја бакнува нашата фолкерка.

Инаку, Никола е нашинец кој живее во Швајцарија и на неговиот профил стои дека е менаџер на спа хотел во Леукербад, општина во округот Леук во кантонот Вале во Швајцарија.

Првата слика која ја објавија заедно е во надворешниот базен на хотелот каде што е менаџер, и сликата е ептен интресна, Сани и Никола во страстен бакнеж.

На една од неговите слики на Фејсбук, Никола покажал каква кола вози, и станува збор за добар мерцедес. Иако живеат разделени, тие наоѓаат начин да уживаат во својата љубов.

Потоа, Сани повторно отиде во Швајцарија кај својот сакан и објави слика како и двајцата уживаат на романтична вечера во овој хотел и се среќни заедно.

Но, Сани во Швајцарија не отпатувала сама.

Таа таму била со своите две ќерки и со нив споделила стори, и тоа како уживаат во убавините на овој хотел, во термалниот базен.

 

info.news7.mk