Научниците развија нова сорта на пченица која може да издржи екстремна топлина и суша

0
237

НОВА сорта на тврда пченица отпорна на суша е создадена како дел од меѓународната програма која се занимава со одгледување на култури отпорни на екстремни климатски услови, како и зголемување на разновидноста на културите, со цел да се зголеми отпорноста на системот за храна на климатските промени. Од тврда пченица се прават тестенини, тесто за пица и разни десерти, лепчиња, како и кускус и булгур.

 

Новата сорта се нарекува Џабал, што значи планина на арапски, а беше развиена од фармери и научници со вкрстување на комерцијалната тврда пченица со нејзината дива роднина од сушните региони на Сирија за да се создаде нова тврда сорта која може да издржи суша.

Global Crop Diversity Trust (Crop Trust) е меѓународна непрофитна организација основана во 2004 година од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) и Bioversity International за да се зачува различноста на глобалниот систем на култури.

Новата сорта е развиена како дел од проектот „диви роднини“, кој користи генетски различни сорти на култури за да помогне во развојот на поотпорни и прилагодливи сорти на пченица, јачмен, ориз и компири кои можат да ги издржат екстремните временски услови предизвикани од климатските промени.

 

index.hr