Почина легендарниот фудбалер Џанлука Вијали

0
223

По долгогодишна битка со ракот, Џанлука Вијали почина, легендарниот италијански напаѓач му даде многу на фудбалот, а неговата последна работа беше помошник во сручниот штаб на Манчини во репрезентацијата на Италија.

Во ноември 2018 година Вијали откри дека имал успешна едногодишна борба со рак на панкреас. Во април 2020 година беше објавено дека потполно е исчистена тешката болест. Но во декември 2021 година тој кажа дека по вторпат се бори со ракот. За жал денеска почина.

Вијали како фудбалер настапуваше за Кремонезе, Сампдорија, Јувентус и Челси. Беше тренер на Челси и Ватфорд. Има 59 настапи за италијанската репрезентација.

Извор: 24fudbal.mk