Пецаков: Ова е многу значаен празник, наша работа е да ја чуваме традицијата затоа што ова се вредностите на кои треба да ги учиме нашите деца

0
128

Во вкупно 62 градови и населени места во нашата земја, меѓу кои и Охрид, денеска, илјадници деца ќе чекорат во бадниковите поворки на радоста и пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог” ќе го најавуваат Христовото раѓање. Општина Охрид и годинава дел од организацијата на оваа манифестација. Градоначалникот Кирил Пецаков меѓу најмладите.

„Ова е многу значаен празник. Наша работа е да ја чуваме традицијата споена со религијата, затоа што ова е вредностите на кои треба да ги учиме нашите деца, па и тие да ја продолжат традицијата која сме ја негувале низ вековите. Ние како општина и годинава учествуваме во организацијата заедно со здружението за грижа на деца од Охрид. По пауза од две години поради пандемијата годинава еве не повторно на бадниковата поворка на која учествуваат над 600 дечиња од Охрид и Дебрца. Ова е еден од најбитните настани за нас, затоа што ова е и туристичка атракција која ја прикажува нашата тардиција. Денешниот ден е и посебен за нас, затоа што го најавува Христовото раѓање. Им посакувам само здравје и љубов на сите граѓани“, истакна градоначалникто Пецаков.

Главниот координатор на Бадниковата поворка Летка Филипова истакна дека посебно е горда што годината и
Јубилејна 10 на оваа манифестација.

„После две години копнеж за Бадниковата поворка која ја рачунаме како еден од најрадосните настани кој го прават деца кои се претставници од ангелите. Тие пренесоа радост низ учиците на Охрид. Околу 600 деца на бадниковата поворка. За прв пат во оваа поворна учесници се и деца со посебни потреби
Се надевам дека оваа традиција ќе продолжи и младите по нас ќе продолжат да го негуваат овој настан“, истакна Филипова.