Повторно активен вулканот Килауеа

0
171

Вулканот Килауеа на Хаваите повторно почна да исфрла вулкански гасови, објави Американскиот геолошки институт (УСГС).

Поради активноста на Килауеа подигнато е нивото на тревога на црвено.

УСГС соопшти дека вулканскиот гас, што се состои од сулфур диоксид и други гасови, може да произведе видлива вулканска магла позната како „вог“, мешавина од вулкански гас и пепел потенцијално опасни по здравјето на луѓето, особено оние со респираторни проблеми. Вог, освен што е опасен по здравјето на луѓето, може да предизвика и штети на земјоделските култури.

 

nezavisen.mk